Последната рунда од есенскиот ден во Втората кошаркарска лига носи двојно дерби.

Четирите прво рангирани екипи на табелата ќе играат меѓусебно во дуелите од 11-тото коло.

Лидерот и досега не поразен тим на МКК Куманово ќе има тешко испит на гостувањето во Чаир кај Шкупи кој е на 2-то место.

Трето рангираниот состав на Маџари ќе биде предизвикан од четврто пласираната екипа на Ангели.

Двата натпревари се играат во Скопје, во разлика од половина час, а претходно од 18 часот ќе започнат натпреварите во Штип и Куманово.

Штипските Соколи го пречекуваат Водно Санс, додека вториот тим на МЗТ гостува кај кумановската екипа која досега нема победа.

Последните два натпревари од ова коло ќе се играат утре во Тетово и Прилеп.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) –  11.КОЛО
Сабота
18.00 СОКОЛИ – ВОДНО САНС
18.00 КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.00 ШКУПИ – МКК КУМАНОВО
19.30 МАЏАРИ – АНГЕЛИ
Недела
18.00 ТЕТЕКС – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018

ТАБЕЛА: МКК Куманово 20 бодови, Маџари 19, Шкупи 18, Ангели 17, МЗТ Скопје У.Б. 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 13, Тетекс 11, Куманово 2009 9.