Машката младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години денеска го почнува настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“.

Македонските младинци ќе играат на силниот турнир во Романија. Покрај домашната селекција за противници за ќе ги имаат и Словачка и Саудиска Арабија.

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ на отворањето на турнирот за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Овој меч ќе се игра попладнево во терминот од 14 часот, додека следните два во вториот термин од 16.30 часот. Утре нашите надежи ќе играат против Словачка, а во недела против домаќинот Романија

Овие и сите натпревари што ќе се играат во рамките од ЕХФ неделите, ќе послужат како подготовки за Европското првенство во Словенија што ќе се одржи наредното лето.

Распоред и термини на натпреварите:
петок 14:00 часот МАКЕДОНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА
сабота 16:30 часот МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА
недела 16:30 часот МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА