Ракометарките на Шведска се третата селекција која обезбеди полуфинале на 36-то Светското првенство во ракомет.

Швеѓанките неочекувано лесно и убедливо ја совладаа Германија во четвртфиналето се се пласираа меѓу четирите најдобри на Мундијалот.

Очаен старт имаа Германките на кои им беа потреби речиси 15.минути да го постигнат првиот гол. Тоа Швеѓанките го искористија и веќе имаа водство од 7-0. Предноста до крајот на полувремето дополнително ја зголемија, па на пауза заминаа со десет гола разлика 16-06.

Уште тогаш стана јасно дека Германките нема што да бараат во овој меч иако важеа за благи фаворитки. Иако Германките одиграа многу подобро во вториот дел сепак на крајот Шведска славеше со 27-20.

Во победничката репрезентација четири ракометарки постигнаа по пет голови.

Со тоа формиран е и првиот пар за полуфиналето, закажано за во петок. Во него Швеѓанките за противнички ќе ги имаат олимписките шампионки Французинките кои вчера беа подобри од Чешка.

Вториот пар ќе го дознаеме по вечерашниот дуел меѓу Данска и Црна Гора. Исходот од овој меч го чекаат актуелните светски првенки, ракометарките на Норвешка кои во четвртфиналето беа подобри од Холандија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Среда
Шведска – Германија
20.30 Данска – Црна Гора
Вторник
Франција – Чешка 33-22
Норвешка – Холандија 30-23
ПОЛУ-ФИНАЛЕ 
Петок
17.30 ФРАНИЦЈА – ШВЕДСКА
20.30 НОРВЕШКА – Данска / Црна Гора