На домашната спортска сцена попладнево актуелен ќе биде еден натпревар во машката одбојкарска Прва лига.
Екипата на Штип УГД е домаќин на Шкендија во претпоследниот натпревар од 10.тото коло
Дуелот за гостите е од исклучително значење имајќи в предвид дека тие се борат за место во втората или така наречена шампионска фаза.
Шкендија досега има скор од 5 победи и 4 порази и заостанува за еден триумф зад ривалот Универзитет во Тетово.
Штипјани пак се второ рангирани, веднаш зад шампионот Струмица, а на досегашните девет натпревари забележаа седум победи.
Оваа рунда ќе биде заокружена во среда. За тогаш е закажан мечот меѓу последно пласираниот тим на Македонија Џио и екипата на Работнички.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Понеделник
18.00 ШТИП УГД – ШКЕНДИЈА (МРТ 3)
среда
19.30 МАКЕДОНИЈА ЏИО – РАБОТНИЧКИ
Претходно одиграно
ВАРДАР – УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО 0-3
ЛИРИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3-0
ВЕСНА ПРОБИШТИП – ГОК БОРЕЦ 3-1
СУШЕВО – СТРУМИЦА 0-3
ТАБЕЛА: Струмица 10-0, Лирија 8-2, Штип УГД 7-2, Весна Пробиштип 7-3, Работнички 6-3, Универзитет во Тетово 6-4, Шкендија 5-4, ГОК Борец 4-6, Сушево 2-8, Јанта волеј 2-8, Вардар 1-9, Македонија Џио 0-9.