Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер лесно стигна до трите бода во дуелот со Прилеп. Во воведниот натпревар од последното 14.коло во Б групата шампионот Е. Пелистер славеше со 38-33.
По почетните рамноправни минути (3-3), гостите од Битола, полека ја преземаа контролата и играта и резултатот. На половина имаа двојна предност (10-5). Таквата разлика остана и на крајот на првите 30.минуто (15-10).
Но, по само пет минути игра во вториот дел, прилепчани намалија на два негатива (20-22). Стигнаа домаќините и до само гол негатива (24-25), но тоа беше се што направија. Во продолжението пелистерци ја заиграа во очекуваниот ритам и на крај славеа со конечни 38033 .
Најефикасен во победничката екипа беше Павле Петровиќ со 10, додека Петар Атанасијевиќ постигна 7, а Ненад Костески 6 голови.
Останатите три натпревари од оваа конкуренција ќе се играат во среда. Единствена дилема е кој ќе биде четвртиот тим што ќе игра во плеј-оф конкуренцијата/
Б ГРУПА – 14 КОЛО ПОСЛЕДНО
понеделник
ПРИЛЕП – Е. ПЕЛИСТЕР 33-38
среда
18.00 ВАРДАР – ГОЛДЕН АРТ
18.30 ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.30 ВАРДАР Неготино – МУЛТИ ЕСЕНС
ТАБЕЛА: *Еурофарм Пелистер 39 бодови, *Вардар 36, *Бутел Скопје 24, Пролет 18, Голден Арт 17, Прилеп 10, Мулти Есенс 6, Вардар Неготино 6.
*Екипи кои се ќе играат во плеј-оф конкуренцијата