Во двете одбојкарски лиги во женска конкуренција се одиграа натпреварите од 12-тото во првата и 8.коло во втората лига.

Одбојкарките на Струмица жени ја продолжија победничката рапсодија. Тие убедливо без загубен сет го добија мечот со Младост УГД и ја остварува 12-тата победа во исто толку одиграни натпревари.

Во оваа прволигашка рунда, фаворитската улога ја оправдаа и шампионот Работнички односно ланскиот финалист  Јанта волеј.

Од водечкиот квартет тоа не го сторија одбојкарките на Наковски волеј кои на гостувањето кај Фит Фан волеј го претрпеа третиот пораз сезонава.

Во второлигашката конкуренција дербито меѓу Газели волеј и Бами Кор го добија домаќинките со 3-2. Тие стигнаа до седмата победа со што го одржаа чекорот со водечкиот Пелистер кој во три сета беше подобар од Форца волеј Ема.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), 12.КОЛО
СТРУМИЦА ЖЕНИ – МЛАДОСТ УГД 3-0
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3-1
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЖЕНИ 3-0
ВАРДАР ЕМ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0-3

ТАБЕЛА: Струмица жени 12-0, Јанта волеј 9-3, Наковски волеј 9-3, Работнички Скопје 7-5, Фит фан волеј 5-7, Младост УГД 4-8, Вардар ЕМ 2-10, Вардар жени 0-12.

ВТОРА ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – БАМИ КОР 3-2
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА 3-0
ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА МАКС 3-2
УСКАНА – КУМАНОВО 3-0
УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – ВИКТОРИ ВОЛЕЈ 1-3

ТАБЕЛА: Пелистер волеј 7-1, Газели волеј 7-1, Бами Кор 6-2, Ускана 5-2, Фламинго волеј 5-3, Виктори волеј 4-4, Форца волеј Ема 3-5, Македонија Макс 1-7, Куманово 1-7, Универзитет во Тетово 0-8.