Екипата на МКК Куманово и по десеттиот натпревар во второлигашката конкуренција останува не поразен.

Во дуелот на двете прворангирани екипи пред оваа рунда, МКК Куманово по голема борба го совлада Маџари со 64-57.

Домаќините добро го отворија натпреварот и во 6.минут имаа најголеми +9 (13-04). Сепак подзастанаа тука па до крајот на периодот уфрлија само уште два поени (15-09). Тешко реализираа двата тима и во втората четвртина, па на пауза се замина со резултат 31-28 за кумановци.

Во второто полувреме, МКК Куманово стигна и до најголемата предност од 14 поени 53-39, а во последниот период влезе со +13 (55-42). Очајно лошо одиграа кумановци во последниот период и повеќе од шест минути немаа кош. Маџари ја намали негативата на само три (55-52). Искусниот Јаневски со тројка ја прекина црната серија на 3,5 минути пред крајот.

Во финишот кој мина со голема бркотница по теренот, домаќините подобро се снајдоа и на крајот славеа со конечни 64-57.

Така тимот предводен од Марин Докузовски останува единствениот со максимални 10 победи, додека Маџари го претрпе вториот пораз.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Недела
МКК КУМАНОВО – МАЏАРИ 64-57
РАБОТНИЧКИ 2018 – ТЕТЕКС 80-72
Сабота
ВОДНО САНС – КУМАНОВО 2009 115-60
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 60-68
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 103-67
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 97-79

ТАБЕЛА: МКК Куманово 20 бодови, Шкупи 18, Маџари 18, Ангели 17, МЗТ Скопје У.Б. 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 13, Тетекс 11, Куманово 2009 9.