Полека но, сигурно станува јасно кои ќе бидат сите учесници во втората „шампионска“ фаза одбојкарското првенство на Македонија во машка конкуренција.

Иако сеуште не е комплетирано 10-тото коло, од кое остануваат уште два натпревари, сепак работите стануваат појасни.

Екипата на Лирија со убедливиот триумф над Јанта волеј го одржува чекорот шампионот и водечки тим на табелата Струмица.

Веднаш зад нив е и Весна Пробиштип која се чини ја запечати судбината на велешки Борец.

Очекуваниот триумф над Вардар им носи голема предност на одбојкарите на Универзитет во Тетово, во трката за следната рунда. Нивните ривали за таа позиција одбојкарите на Шкендија за да ја задржат шансата за тоа ќе треба да слават на гостувањето кај трето рангираниот Штип УГД.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
ЛИРИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3-0
ВЕСНА ПРОБИШТИП – ГОК БОРЕЦ 3-1
ВАРДАР – УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО 0-3
СУШЕВО – СТРУМИЦА 0-3
Понеделник
18.00 ШТИП УГД – ШКЕНДИЈА (МРТ 3)
среда
19.30 МАКЕДОНИЈА ЏИО – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: Струмица 10-0, Лирија 8-2, Штип УГД 7-2, Весна Пробиштип 7-3, Работнички 6-3, Универзитет во Тетово 6-4, Шкендија 5-4, ГОК Борец 4-6, Сушево 2-8, Јанта волеј 2-8, Вардар 1-9, Македонија Џио 0-9.