Познати се сите 16-екипи кои продолжуваат во четвртфиналната фаза во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција.

Ова откако попладнево беа одиграни последните три натпревари од првата елиминациска рунда.

Во нив суперлигашите Вардар Неготино и Охрид забележаа очекувани и убедливи победи во дуелите со Кичево и Младост.

Во последниот меч ракометарите на Скопје во неизвесен меч го совладаа Металург РА со 29-28 и се пласираа во четвртфиналната рунда.

Во неа, директен пласман обезбеди бранителот на трофејот Вардар кој беше слободен во првата елиминациска фаза.

Во 16-те најдобри покрај двата тима на Еурофарм Пелистер, се пласираа и: Алкалоид, Тиквеш, Струга, Голден Арт, Бутел, Тиквеш, Радовиш Мулти Есенс, Пролет, Прилеп и Куманово.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи, од кои само победниците ќе обезбедат пласман на завршниот фајнал-фор што вообичаено се игра во мај месец

КУП НА МАКЕОДНИЈА – ЕЛИМИНАЦИИ 
недела
КИЧЕВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 21-41
МЛАДОСТ – ОХРИД 19-34
МЕТАЛУРГ РА – СКОПЈЕ 2020 28-29