Екипата на Гостивар беше подобра од Македонија Ѓорче Петров во воведниот натпревар од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига 

Дуелот од 18-тата рунда одигран попладнево во Гостивар каде истоимениот домашен тим ја пречека екипа на Македонија Ѓорче Петров заврши со резултат 1-0. 

Ретки беа шансите кои ги создадоа фудбалерите на двете екипи. Во првиот дел домаќините беа поконкретни, но благодарение на голманот Христијан Стевковски гостите не примија гол, па на пауза се замина со почетните 0-0. 

Во второто полувреме, гостиварци притискаа, но и гостите создадоа две убави шанси, но резултатот остана не променат.

И кога сите очекуваат дека без голови ќе заври овој натпревар во 88-та минута беше досуден пенал за домаќините.  Нигериецот, Ланре Кехинде го совлада Стевковски за голема радост на гостиварци. 

Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 24, Гостивар се проби на петтото место на табелата. Македонија ЃП остана деветта со бод повеќе од Брегалница и Воска, односно 4 повеќе од Вардар. Ѓорчепетровци сега ќе ги чекаат настапите на ривалите на утрените натпревари, со кои по зимската пауза ќе водат грчевита битка за опстанок. 

Инаку утре со почеток од 13 часот ќе се играа сите останатите натпревари, а дербито е во Тетово каде се среќаваат трето и четврто пласираните екипи на табелата, Шкендија и Силекс. 

ПРВА ЛИГА – 18.КОЛО
сабота
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
недела
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
БРЕРА СТРУМИЦА – ШКУПИ
СТРУГА – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore