Во рамките на 11.коло од првата кошаркарска лига на Македонија, Работнички и Чаир 2030 со нови победи ја оправдаа фаворитската улога во дуелите нагости против Гостивар и Охрид.
Работнички немаше поголеми проблеми против Гостивар и славеше убедлива победа од 86-65 полувреме (45-38).
Најдобар во победничкиот состав со 23 поени беше Рикиќ, а 18 постигна Трис. Кај Гостивар со по 15 поени најдобри беа странските засилувања Џонс и Вилијамс.
Во Охрид, тимот на Чаир 2030 забележа победа против тимот од истоимениот град со 74-64. Победникот не беше доведен во прашање на овој меч бидејќи гостите имаа константна предност.
Иако најдобриот поентер на мечот доаѓа од редовите на Охрид, сепак не беше доволно да се избегне за нив десеттиот пораз во единаесетиот меч во сезоната.
Бернард од Охрид постигна 28 поени, а Лајонс даде 16 коша. Кај Чаир, Корбет постигна 22 коша, Начевски 15, Мустафица имаше 14 коша.
Со овие победи на Рабонички и Чаир 2030 вкупно седма во сезоната сега се на делба на второто место на табелата во првата лига со скор од (7-4).
Вечерва се игра исто така дуелот од 11.коло во Битола каде Пелистер е домаќин на Кожув. Мечот е во тек…
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Сабота
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 65-86
ОХРИД – ЧАИР 64-76
ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ во тек
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ВАРДАР
20.00 ФЕНИКС – ТФТ
Одиграно во четвртокот
МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП 79-74
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Работнички 18, Чаир 18, Пелистер 17, Еуро Никел 17, ТФТ 16, Феникс 16, Гостивар 15, Кожув 13, Вардар 13, Академија ФМП 13, Охрид 12.