Два од четирите дуели од денешната програма од Купот на Македонија во ракомет – елиминациско коло ќе се играат во Битола.

Програмата во 14 часот ќе ја отворат Еурофарм Пелистер 2 и Овче Поле, додека првакот Еурофарм Пелистер против Шампион дуелот ќе го стартува во 17 часот. Битолските екипи се фаворити во двата дуела.

Во Ресен ќе играа Преспа Вардар против Радовиш со почеток во 17 часот, а во истиот термин е почетокот и на дуелот Бисинов Фруит Ленд – Мулти Есенс.

Вчера се одиграа пет натпревари:
Голден Арт КЛ 7 – Аеродром 37:27
Партизан Спорт – Тиквеш 20:56
Бутел – Македонија Ѓорче Петров 49:26
Драчево – Алкалоид 26:44
Астраион – Струга 18:25

Во четвртокот почнаа Куп натпреварите кога се одиграа три натпревари:
Борец – Пролет 11:49
Прилеп – Јехона 28:21
МРК Куманово – Текстилец 40:17.

Утре на програмата се последните три дуели: Кичево – Вардар Неготино (почеток 13 часот), Младост Богданци – Охрид (почеток 14 часот) и Металург РА – Скопје (почеток 16 часот)

Слободен во елиминациското коло и пласман во следната рунда обезбеди бранителот на Куп трофејот тимот на Вардар.