Во Првата македонска фудбалска лига викендов на програмата се дуелите од последното 17.коло од есенскиот дел на шампионатот.
Оваа рунда ќе ја отворат екипите на Гостивар и Македонија Ѓорче Петров со дуелот што ќе се игра попладнево од 13 часот. Двата тима ги посакуваат бодовите кои би им донеле посигурни продолжение на сезоната.
Особено ова важи за Ѓорепетровци кои се во групата на екипи што се во „опасната„ зона, односно долниот дел на табелата. Гостиварци пак имаат четири бодови повеќе, но триумф им би донел „мирен сон“ во зимската пауза.
Останатите натпревари ќе се играат утре, исто така во терминот од 13 часот.
ПРВА ЛИГА – 17.КОЛО
сабота (13 часот)
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
недела (13 часот)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
БРЕРА СТРУМИЦА – ШКУПИ
СТРУГА – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ