Во женското одбојкарско првенство денеска на програмата натпреварите од 12.коло во Првата, односно 8.коло во Втората лига.
Богатиот натпреварувачки ден сторува утринава во 10 часот, со дуелот на досега не поразената екипа на Струмица и Младост УГД.
Во попладневниот и вечерниот термин двата натпревари ќе се играат во Скопје. Екипата на Фит Фан волеј која е на 5.место за противник ќе ја има второ рангираната екипа на Наковски волеј.
Вицепрвакот Јанта волеј е апсолутен фаворит во мечот со последно рангираната екипа на Вардар жени која досега нема победа.
Инаку првиот меч од оваа рунда се одигра вчера, а во него актуелниот шампион Работнички стигна до седмата победа совладувајќи го на гостински терен составот на Вардар ЕМ во три сета.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 12.КОЛО
сабота
10.00 СТРУМИЦА ЖЕНИ – МЛАДОСТ УГД
16.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
20.00 ЈАНТА ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЖЕНИ
одиграно вчера (петок)
ВАРДАР ЕМ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА: Струмица жени 11-0, Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-3, Работнички Скопје 7-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-10, Вардар жени 0-11.
ВТОРА ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
сабота
12.00 ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА МАКС
13.00 УСКАНА – КУМАНОВО
16.00 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – ВИКТОРИ ВОЛЕЈ
16.00 ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА
19.00 ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – БАМИ КОР
ТАБЕЛА: Пелистер волеј 6-1, Бами Кор 6-1, Газели волеј 6-1, Ускана 5-2, Фламинго волеј 4-3, Виктори волеј 3-4, Форца волеј Ема 3-4, Македонија Макс 1-6, Куманово 1-6, Универзитет во Тетово 0-7.