Екипите од суперлигашката конкуренција немаа проблеми да ја минат првата елиминациска Купот на Македонија.

Тие ја оправдаа улогата на фаворити во дуелите против екипите кои играат во Првата лига и се пласираа во следната, четвртфинална фаза.

Единствениот меч на двата суперлигаши во овој круг им припадна на ракометарите на Голден Арт кои убедливо со 10 разлика го совладаа Аеродром во локалното дерби.

Во следната рунда, во која директен пласман има бранителот на трофејот скопски Вардар, досега обезбедија уште осим екипи.

Тоа денеска го сторија: Струга, Голден Арт, Бутел, Алкалоид и Тиквеш. Од вчера четвртфиналисти се: Пролет, Прилеп и Куманово.

Утре и в недела ќе се играат преостанатите седум натпревари кои можете да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ. 

КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ) – ЕЛИМИНАЦИСКА РУНДА
денеска 
АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – СТРУГА 18-25
ГОЛДЕН АРТ – АЕРОДРОМ 37-27
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 49-26
ДРАЧЕВО – АЛКАЛОИД 26-44
ПАРТИЗАН – ТИКВЕШ 56-20
одиграно вчера
БОРЕЦ – ПРОЛЕТ 11-49
ПРИЛЕП – ЈЕХОНА 28-21
КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ 40-17
сабота
14:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОВЧЕ ПОЛЕ
17:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ШАМПИОН
17:00 ПРЕСПА ВАРДАР – РАДОВИШ
17:00 БИСИНОВ Фруит Ленд – МУЛТИ ЕСЕНС
недела
13:00 КИЧЕВО – ВАРДАР НЕГОТИНО
14:00 МЛАДОСТ – ОХРИД
16:00 МЕТАЛУРГ РА – СКОПЈЕ 2020