Стружани повторно ќе може да пливаат, а тоа да не биде само во летниот период.
Имено, деценискиот сон на стружани станува реалност, наскоро ќе стане реланост. Во Струга конечно ќе блесне во полн сјај, затворениот базен.
По 25 години чекање, наскоро стружани ќе може да се израдуваат на новиот затворен базен. Тој е на истата локација каде што беше и стариот.
Струшките спортски работници, пред се пливачите, веруваат дека ова е предуслов од овој езерски бисер повторно да излезат големи пливачки имиња.
Според информациите, за функционалноста на базенот ќе се грижи АД „ЕСМ“.