Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра последниот натпревар во оваа календарска година во Лигата на шампионите.
Пелистерци пред својата публика во Битола, а во рамките на 10.коло на „А“ групата го пречекуваат хрватскиот првак Загреб.
Пелистерци се „заковани“ на дното на табелата со осумте порази во исто толку одиграни натпревари. Гостите од Загреб се пред нив но, со 8 бодови кои ги освоија со трите победи и двата нерешени резултати.
Една од тие победи е во дуелот со Пелистер кој во Загреб домаќинот го доби убедливо со 27:18.
Македонскиот шампион уште го брка првиот бод во елитното натпреварување. Затоа пак хрватскиот е во игра за позициите што водат во следната фаза. Тие заостануваат само еден бод зад петто и шесто пласираните Колстад и ПСЖ, па триумф на вечерашниот меч е императив за Загреб.
Двете екипи си имаат свои математики, а чија ќе биде точна ќе видиме по мечот што ќе почне во терминот од 18.45 часот.