Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки го комплетира квартетот на екипи кои ќе играат на фајнал-фор турнирот во НБА Купот.
Во Источната конференција, Милвоки славеше убедлива победа против Њујорк Никс со 146:122.
Бакси до победата го предводеа Јанис Антетокумпо со 35 поени, 10 асистенции и осум скока и Демијан Лилард со 28 поени и 7 асистенции. Кај поразените, Џулиус Рендл постигна 41 поен. Милвоки за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Индијана кој во четвртфиналето го елиминира Бостон.
Во второто полуфинале ќе играат ЛА Лејкерс и Њу Орлеанс. Лејкерси имаше потешка работа против Феникс Санс и победија со 106:103. Неизвесно беше до самата завршница односно кога на 15 секунди пред кракот Остин Ривс реализира тројка, а
натпреварот го заври со 20 поени
Со дабл-дабл учинок завршија Леброн Џејмс кој постига со 31 поен и 11 асистенции, а Ентони Дејвис имаше 27 поени и 15 скока.
Лејкерс за место во финалето ќе се борат со Њу Орлеанс кој го елиминираа Сакраменто.
Завршниот турнир на првото издание на НБА купот ќе се игра во Лас Вегас.