Кошаркарките на Вардар ја преземаа лидерската позиција на табелата во Првата лига. Ова откако полесно од очекувањата, вардарки на гостински терен го совладаа Бадел со 67-41.
Вардар сега има седум победи и еден пораз, еден бод повеќе во однос на Баскет Кам. Шампионот пак својот натпревар од ова коло, против екипата на Струга, ќе го одигра на 5 декември.
По поразот на МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето во Крива Паланка (53:67), сега „вардарки“ се и на два чекори пред еден од конкурентите за највисок пласман.
ПРВА „А“ ЛИГА (ЖЕНИ) – 8. КОЛО
БАДЕЛ 1862 – ВАРДАР 41:67
КРИВА ПАЛАНКА – МЗТ СКОПЈЕ А. 67:53
КУМАНОВО-ГРИЗЛИ – ПРОБАСКЕТ 68:67
утре (вторник)
20.00 БАСКЕТ КАМ – СТРУГА
ТАБЕЛА: Вардар 15, Баскет кам 13 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 13, Куманово-Гризли 13, Пробаскет 11, Крива Паланка 11, Бадел 10, Струга 7 (-1).