Шампионот МЗТ Скопје запиша уште една победа на своето конто во рамките на 10.коло во првата кошаркарска лига на Македонија.
,,Металците,, не дозволија никакво изненадување и лесно и убедливо се радуваа на победа на гостувањето кај Вардар со 61-96.
МЗТ Скопје изгради голема предност уште во првото полувреме, а потоа тренерот Васко Атанасов ја ротираше поставата и само рутински го приведе мечот.
Во составот на МЗТ Скопје се истакна Баковиќ со 13 поени и 10 скока, а Петков финишира исто така со 13 поени. Хусеин Бајрам од Вардар беше најефикасен играч на средбата со 17 поени.
Во дербито на колото Феникс 2010 нагости го победи Работнички со 87-79 и стигна до шестата победа во сезоната.
Работнички во поголем дел натпреварот го имаше водството во своја полза, а во еден момент тоа изнесуваше и девет поени.
Првото полувреме му припадна на домаќинот Работнички со 48-43.
Сепак Феникс во вториот дел заигра многу подобро посебно во третиот период каде направи голем пресврт и тој дел од мечот го заврши со 27-11 за предност пред последните 10 минути од 70-59. по третата четвртина.
Феникс имаше и +15 (78-63), но потоа следуваше пад во играта, кој Работнички го казни и стигна на само три поени негатива. Но, Феникс не дозволи пресврт и на крајот победи со 87-79.
Најдобар во победничкиот тим беше Џонс со 20 поени, додека за Работнички Рикиќ постигна 21 поен.
На другите средби, Пелистер и Кожув стигнаа до убедливи победи во дуелите со Академија ФМП и Гостивар.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 61-96
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 79-87
АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР 85-112
КОЖУВ – ГОСТИВАР 102-67
ТФТ – ОХРИД 93-75
19.00 ЧАИР – ЕУРО НИКЕЛ во тек
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19 бодови, Пелистер 17, ТФТ 16, Феникс 16, Работнички 16, Еуро Никел 15, Чаир 15, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Академија ФМП 11, Охрид 11.