Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитровски и неговиот Рајо Ваљекано претрпе убедлив пораз на гостувањето во Билбао.
Атлетик пред своите симпатизери славеше со 4-0 во меч во кој имаа уште неколку шанси за гол домаќините.
Од самиот старт Баскијците тргнаа силовито, постигнаа гол во 14.минута кој за „милиметарски“ офсајд беше поништен. Но, веќе во 23-тата голот на Гурузета беше регуларен за водство од 1-0. Со тој резултат се замина на полувремето.
А, по само две минути игра во второто, Еспино си постигна автогол за 2-0.
За четири минути игра (64 и 68) прво Иниаки, а потоа и Нико Вилијамс го совладаа Димитриевски за убедливи 4-0.
Ова за Рајо беше четврти пораз, а Билбао ја оствари осмата победа.
Standings provided by Sofascore