Кошаркарите на Еуро Никел и втор пат сезонава излегоа како победници во дуелот со скопски Чаир. 

Вечерва во последниот натпревар од 10.коло на Првата лига, Еуро Никел како гостин го победи Чаир со 96-92. 

Интересна завршница имаше овој дуел во кој двата тима имаа свои добри периоди на игра. Домаќините ја добија првата четвртина со два разлика. Во продолженото кавадарчани беа оние кои ја диктираа играта. На полувремето заминаа со +14 (50-36).

Во третата четвртина имаа и најголеми 16 поени предност.  Не е предадоа домаќините, па во последната ја анулираа негативата, а дури и поведоа. Во самата завршница, повеќе нерви, но и мирна рака имаа гостите и на крајот славеа со конечни 96-92. 

Бадијала се покажаа 38 поени на Диванте Мофис како и дабл-дабл учинокот на Муставица со 10 поени и скокови. 

За победничката екипа четворица играчи имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 28 Американецот, Мекевен. Дубински додаде 25, Врањеш имаше дабл-дабл со 22 поени и 10 скокови, а Соколов заврши со 11 поени. 

Со седмата победа и 17 бодови Еуро Никел се израмни со Пелистер на второто и третото место на табелата. Двата тима имаат по два бода и две победи помалку од лидерот  МЗТ Скопје. 

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота
ЧАИР – ЕУРО НИКЕЛ 92-96
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 61-96
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 79-87
АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР 85-112
КОЖУВ – ГОСТИВАР 102-67
ТФТ – ОХРИД 93-75

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19 бодови, Пелистер 17, Еуро Никел 17, Работнички 16, ТФТ 16, Чаир 16, Феникс 16, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Академија ФМП 11, Охрид 11.