Машката македонска ракометна репрезентација и претстојната зима ќе биде во „акција“. Ракометарите го продолжуваат континуитетот настапи на големите натпреварувања.
Следно е европското првенство што ќе се одржува во Германија во периодот од од 10 до 28 јануари.
Македонија ќе биде во исклучително тешка група, во која покрај домаќинот за противници ќе ги има Франција и Швајцарија.
Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на (35) играчи кои ќе претендираат за место во селекцијата која ќе игра на шампионатот.
Покрај стандардните кои се дел од мечевите во последниов период, на списокот се и Димитар Димитриоски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски и младиот голман Иван Галевски.
Mеѓу 35-мината се и имињата на 18 годишниот Валентин Карасманакис, една година помладиот Николас Најденовски.