Екипата на Реал Мадрид во единаесеттиот натпревар го претрпе првиот пораз во Евролигата.
„Кралевите“ се поразени на гостувањето во Истанбул, од Фенербахче со 100-99.
Поразот е дотолку поболен што Реал во последниот период имаа и 14 поени предност 78-64. Фенербахче успеа да се врати во игра и да се избори за продолжение.
За тоа се погрижи Вилбекин кој постигна тројка и израмни на 87-87. Гостите од Мадрид имаа и напад за победа, но и тој не го искористија.
Беше Реал пред триумф на 6.секунди до крајот кога водеше со три разлика.
Гудуриќ реализира две слободни фрлања за 98-99. И наместо рутинирано да го приведат мечот кон крај, несфатлива грешка на Кампацо, која ја казни Јан Мадар за „лудило“ во Истанбул и победа на Фенербахче со 100-99.