Совиот светски шампион во кик-бокс Бобан Илиоски денеска на прием кај претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Со „златниот“ кикбоксер Илиоски, на средбата присуствуваше и селекторот на националниот тим, Дејан Митровски – Урко.
Во финалето на Светското првенство што се одржа во Португалија, во битката за титула, го победи Нурбек Уришбоев од Узбекистан.
Илиоски имаше извонредна борба во категоријата до 86 килограми, убедливо со 3-0 победувајќи го Уришбоев во финалната битката на патот до светската круна.
Претходно во полуфиналето Илиоски извојува исто така убедлива победа од 3-0 против Ељан Алкишиyев од Азербејџан.
По посетата Илиоски најави дека во февруари или март месец, во Скопје ќе се обиде да дојде до шампионскиот појас во професионална конкуренција.
Македонскиот Олимписки комитет со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони.