Само два гола беа постигнати на трите денешните натпревари од 15.коло во ПМФЛ.

На Чаир, Младеновски со голот во 66-тата минута ми донесе победа на Шкупи во дуелот со Македонија Ѓорче Петров.

Додека во Кавадарци, Стоименовски во 77-та минута беше стрелец на голот за Тиквеш во триумфот на Брера Струмица.

Натпреварот меѓу Работнички и Гостивар заврши без голови.

Останатите две средби, Силекс – Вардар и Струга Т.Л. – Воска спорт ќе се играат на 6 декември, бидејќи денеска поради снегот немаше услови за игра во Кратово и Струга.

Шкупи се врати на 1.место на табелата со два бода повеќе од Шкендија која вчера одигра 2-2 со Брегалница во Штип.

 

Standings provided by Sofascore