Кошаркарите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Вардар и стигнаа до шестата победа.
Во натпреварот од 10.коло на Првата лига, Пелистер го победи Вардар со 116-74 .
Победата пелистерци ја најавија уште по првиот дел. Првата четвртина ја добија со 15, а втората со 8 разлика па на одмор заминаа со+21 (59-38).
Второто полувреме беше чиста формалност, а пелистерци на крајот славеа со 42 разлика.
Андреј Маслинко со 26 и Лука Стојановски кој постигна 18 поени беа најефикасните во победничката екипа.
Вредно е да се напомене дека на овој натпревар своето сениорска деби го имаше 15 годишниот Жарко Терзиевски.
Тој ги впиша и првите поени постигнувајќи 8 за вардарци.
Од ова коло останува да се одигра уште натпреварот меѓу Охрид и Феникс.