Штипска Брегалница освои важен бод во дуелот со фаворизираната Шкендија играчки 2-2.
Во воведниот натпревар од 15.коло на ПМФЛ, гостите два пати имаа предност, но и играч повеќе, а на крајот одиграа само нерешено.
Во 22-та минута, Елези убаво се снајде во шеснаесетникот на штипјани и на ефектен начин и донесе водство на тетовската екипа од 1-0.
По девет минути игра во второто полувреме Брегалница стигна до израмнување. Скратениот корнер од десната страна го изведе Вебстер, а на вистинското место се најде Велковски за 1-1.
Сепак во 68-минута босанскиот интернационалец Спахиќ повторно и носи водство на Шкендија 2-1.
Во 72.минута домаќините останаа без Грузиецот, Робакидзе кој заработи втор жолт картон. Сепак тоа не ги откажа штипјани кои преку Ѓоргиев во 85.минута стигнаа до израмнување.
Во самиот финиш имаа домаќините и шанса за трет гол но, резултатот остана не променет 2-2.
Со освоениот бод и вкупно 29, Шкендија изби на првата позиција пред Шкупи кој има еден помалку. Брегалница остана претпоследна 11-та со 15 бодови.
Утре од 13 часот ќе се играат останатите пет натпревари, а дербито е во Кратово каде Силекс го пречекува Вардар.
ПРВА ЛИГА – 15.КОЛО
сабота (13 часот)
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
недела (13 часот)
СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА Т.Л. – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР (пренос МРТ3 линк)