Одбојкарките викендов го играат веќе 9.коло кое ни носи ново соочување на ланските финалисти од плејофот.

Дамите ова коло го отвораа со дерби дуелот каде ќе се сретнат градските ривали Работнички Скопје и Јанта волеј.

За актуелните шампионки ова ќе биде шанса да го забележат првиот триумф сезонава во натпревар со дерби карактер.

Второто дерби од долниот дел на табелата се игра исто така во Скопје каде Вардар жени ќе се обиде да стигне до првата победа во сезоната преку тимот на Фит Фан волеј и да го избегне дното.

Во Струмица, домашниот состав на Струмица жени ќе игра против Вардар ЕМ каде според досега прикажаното не би требало да има поголеми проблеми со тимот кој досега се радуваше само еднаш во првенството.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 9.КОЛО
сабота
16.30  Работнички Скопје – Јанта волеј
18.00  Младост УГД – Наковски волеј
18.00  Вардар жени – Фит фан волеј
19.00  Струмица жени – Вардар ЕМ

ТАБЕЛА: Струмица жени 8-0, Наковски волеј 7-1, Јанта волеј 6-2, Работнички Скопје 5-3, Младост УГД 3-5, Фит фан волеј 2-6, Вардар ЕМ 1-7, Вардар жени 0-8.

Во Втората женска лига, Виктори волеј ќе го тестира водечкиот Пелистер волеј, а доколку успее да го издржи гостувањето во Битола, тогаш ќе ја разбие водечката четворка со биланс 4-1 засега.

ВТОРА ЛИГА (ЖЕНИ) – 6.КОЛО
сабота
13.00  Ускана – Бами Кор
14.00  Фламинго волеј – Форца волеј Ема
14.30  Пелистер волеј – Виктори волеј
16.00  Македонија Макс – Куманово
17.30  Универзитет во Тетово – Газели волеј

ТАБЕЛА: Пелистер волеј 4-1, Бами Кор 4-1, Ускана 4-1, Газели волеј 4-1, Виктори волеј 3-2, Фламинго волеј 3-2, Форца волеј Ема 2-3, Македонија Макс 1-4,  Куманово 0-5, Универзитет во Тетово 0-5.