Во Втората македонска фудбалска лига денес ќе се одигра 13-тото коло. Сите осум натпревари ќе започнат во 13 часот.

Лидерот на табелата, екипата на Беса, пред своите гледачи ќе ја дочека екипата на Тетекс. Јасно е дека играчите на Беса ќе атакуваат на победа на овој натпревар, но не смее да се потцени квалитетот на Тетекс.

Во Радовиш не очекува интересна пресметка помеѓу Детонит Плачковица и Охрид. Детонит пред својата публика не само што не знае за пораз, туку нема примено ни гол. Охриѓани ќе се обидат да го променат тоа и со подигнати глави да се вратат од Радовиш.

Пелистер веќе три натпревари не знае за победа пред својата публика, ако го сметаме и натпреварот со Тиквеш во купот на Македонија. Ова за нив ќе биде одлична можност да ги израдуваат своите верни Чкембари и да освојат нови 3 бода. Се разбира дека екипата на Башкими нема во Битола да дојде со бело знаме и ќе даде се од себе за да извлече поволен резултат.

Беласица има одлична серија и се искачи на 4-тото место на табелата. За да се задржи на таа позиција и да ги нападне првите три позиции ќе мора да одигра одлично во Неготино. Вардар Неготино до сега се покажа како доста незгоден противник, особено на домашен терен пред своите „Винари“.

ВТОРА ЛИГА – 13.КОЛО
сабота (13 часот)
ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ
БЕСА 1976 – ТЕТЕКС
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ОХРИД
АРСИМИ – ПОБЕДА
СКОПЈЕ – ОСОГОВО
КАРАОРМАН – НОВАЦИ
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – КАМЕНИЦА САСА
ВАРДАР НЕГОТИНО – БЕЛАСИЦА

Standings provided by Sofascore