Стадионот „Тодор Проевски“ вечерва ќе биде арената каде ќе се судрат фудбалерите на Македонија и Англија.
По подолг период националната гордост блеска во полн сјај. Трибините се полнат и се очекува вечерва Македонија да има поддршка од над 25.000 навивачи.
И Англичаните имаат свои симпатизери некаде над 2.500 кои ќе бидат на источната трибина.
„Битката“ на трибините очекуваме нормално да ја добијат црвено-жолтите навивачи, а со нивна помош и македонските фудбалери кои ќе истрчаат на теренот.