Кошаркарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во АБА2 лигата сезонава

Во натпревар од 5.коло, на турнирот во Златибор, Пелистер загуби од домаќинот Златибор со 76-84.

Домашните кошаркари за нијанса подобро го почнаа мечот имаа и пет поени предност но, пелистерци брзо се вратија во игра и на крајот на четвртината беше израмнето 17-17.

Во втората, подобри беа избраниците на Дарко Радуловиќ, па на полувреме „зелените“ заминаа со +5 (36-31).

Најголемата предност која Пелистер ја имаше беше онаа во тратата четвртина од +7 (43-36). Но, тоа беше во раната фаза од полувремето. Не успеаја пелистерци да направат дополнителна предност, а тоа домаќинот го искористи и го сврте резултатот во своја полза. Во „нервозен“ финиш пелистерци немаа сили да ја вратат предноста па Златибор на крајот славеше победа.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Планиниќ со 21 поени, додека Бернард додаде 16.

Пелистер по петте одиграни натпревари има „скор“ од две победи и три порази.

Следниот (трет) турнир ќе се игра од 18 до 22 декември (6 и 7 коло) Шибеник, а на програмата се две кола (6-то и 7-мо).