Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино. Тоа на најдобриот светски тенисер му го овозможи Јаник Синер со триумфот над Холгер Руне.
Италијанецот одигра уште еден квалитетен меч на завршниот Мастерс во Торино и го елиминира Данецот кој му требаше победа.
Синер го победи Холгер Рун со 2:1 (6:2, 5:7, 6:4) со што му овозможи на Ѓоковиќ да се пласира во полуфиналето.
Сега тие ќе ги чекаат дуелите од последното коло во втората група за да ги дознаа противниците во полуфиналето.
Данил Медведев е сигурен меѓу четворицата најдобри, а денеска Русинот ќе игра со Шпанецот, Карлос Алкараз (14.30 часот).
Во вториот меч (20.30 часот) ќе играат Андреј Рубљев и Александер Зверев.