Екипата на Мајами фати победнички ритам и на седми натпревар во низа „жешките“ слават победа.
Откако Мајами на 1 ноември загуби од Бруклин и падна на „скор“ 1-4, оттогаш „жешките“ не знаат за пораз. А, токму Бруклин беше нивната последна „жртва“.
Џими Батлер постигна 18 од своите 36 поени во третата четвртина, а Мајами Хит ја продолжи актуелната најдолга победничка серија во НБА на седум натпревари победувајќи го Бруклин со 122-115.
Данкан Робинсон додаде 26, а Бам Адебајо постигна 20 поени на кои додаде и 7 скокови. Бриџис и Вокер постигнаа по 23 за Бруклин, кој на претходните пет натпревари во низа го победуваше Мајами.
Ова е прв пат, по пауза од речиси пет години Мајами да врзе седум победи во низа. Таков низа за последен пат „Хитси“ имаа во периодот од 30 декември 2017 година до 14 јануари 2018.