Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, е во Рим каде утре ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024-та.
македонските фудбалери во „вечниот град“ ќе играат против актуелниот европски шампион Италија.
Натпреварот ќе се игра на легендарниот „олимписки стадион“ или популарниот „Олмпико“’.
Избраниците на селекторот Милевски вечерва го одработија својот тренинг пред дуелот со азурите.
Видлива беше позитивната атмосфера која владее во пресрет на овој меч, а очигледно дека сите со нетрпение го чекаат утрешниот дуел кој ќе почне во 20.45 часот.