Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Сутјеска и стигна до втората победа во АБА2 лигата.

Аеродромци одиграа далеку подобро во однос на дуелот со Хелиос кој го загубија.

,,Она што ги немавме против Хелиос, сега го имамве.

Одигравме перфектни 40 минути, дојдовме до важна победа и против тимот на Сутјеска која има состав за прво место“,

изјави тренерот на МЗТ, Васко Атанасов.

Вториот турнир во Златибор, МЗТ ќе го заокружи со дуелот против Борец Бања Лука.