Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром брзо се рехабилитира од поразот од Хелиос Санс.

Во натпревар од 4.коло на АБА2 лигаѕ6а МЗТ денеска славеше победа над црногорскиот тим Сутјеска со 93-64.

Аeродромци победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 14 разлика (28-14). Имаа и +24 во вториот период, а на полувремето заминаа со 18 поени предност.

Иако во вториот дел, црногостката екипа се обидуваше да ја надополните негативата сепак МЗТ не го дозволи тоа. На крајот нашиот првак заслужено се радуваше на својата втора победа сезонава

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека Танасковиќ додаде 13.

Следниот натпревар МЗТ ќе го игра во сабота на пладне (12 часот), а противник ќе биде екипата на Борац Бања Лука.

Утре во попладневниот термин од 18 часот, ќе се игра второто македонско дерби меѓу Пелистер и ТФТ.