Најдобро рангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино.
Ова откако Србинот го доби мечот од 3.коло во А групата против Хуберт Хуркач со 2:1 во сетови.
Во првиот сет што траеше 55.менути двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па сетот беше решен во тај-брејкот. Во него Ѓоковиќ на противникот му препушти само еден поени и со 7-1 на поени го доби сетот за водство од 1:0.
Во вториот сет, полскиот тенисер направи брејк за водство од 3-2. Toa се покажа како решавачки, а Хуркач го доби сетот со 6-4, за израмнување на 1:1.
Во решавачкиот трет сет. Ѓоковиќ одигра најдобро кога беше нај потребно. Во два наврати освои гем на сервис на противникот и го доби сетот со 6-1, а мечот со 2:1.
Сега Ѓоковиќ ќе го чека исходот од вториот мечот во оваа група. Во него вечерва ќе играат Италијанецот, Синер и Данецот, Руне.
Исходот од овој меч ќе го реши конечниот пласман на првите две места, а со тоа и кој ќе игра во полуфиналето. Србинот сега ќе навива за Италијанецот, Синер од кого загуби вчера. Доколку Синер биде поразен од Руне, тогаш Ѓоковиќ ќе остане без полуфинале.