Екипата на МЗТ Скопје Аеродром претрпе неочекуван пораз од младиот состав на Хелиос во натпревар од АБА2 лигата.
На аеродромци малку им беа и 15 поени предност. Причината што ги загубија тренерот Васко Атанасов ја најде во слободите фрлања на противникот.
Во супер кратката изјава по натпреварот, Атанасов само констатира и најави:
„Одиме на победа и на двата преостанати натпревари. Секако нема да застанеме. Ова е само еден натпревар, одиме понатаму“.
Повеќе од јасно дека на младиот тренер не му беше многу до муабет.