Александар Зверев со победа го започна завршниот АТП Мастерс турнир што се игра во Торино.
Германецот со голем пресврт славеше во три сета против второ рангираниот светски тенисер Карлос Алкараз (2-1)
Иако првиот сет му припадна на Шпанецот во тај-брејкот со 7:3 на поени, сепак во следните два Звереве беше подобар.
Вториот сет го доби со 6:3, а решавачкиот трет со 6:4. Зверев заслужено стигна до првата победа и 200 поени на АТП листата.
Ова беше првиот меч од „Б“ групата во која вечерва ќе се игра руското дерби меѓу Данил Медведев и Андреј Рубљев.