На четирите натпревари одиграни ноќеска немаше неизвесни завршници, немаше драма, но имаше изненадувања.

Милвоки повторно беше поразени без Демијан Лилард. Иако уште една извонредна партија одигра Јанис Антетокумпо, Бакси загубија од Орландо со 97-112.

Кај победниците блескаа Паоло Бакеро со 26, Џејлен Сугс со 20, како и браќата Вагнер, па Франц реализира 24,  Мориц 19 поени. Така бадијала беше дабл-дабл учинокот на  Антетокумпо со 35 поени, 10 скока и седум асистенции.

И Кливленд славеше на гостување во Сан Франциско кај Голден Стејт со 118:110.

Кавалирс имаа поголем број мотивирани играчи, па шестмина завршија со двоцифрен барон ан постигнати поени. Ги предводеа, Леверт со 22, Мичел со 21, Гарланд и Мобли постигнаа по 19, Струс 16, а Ален 11 поени.

Стеф Кари не можеше сам иако постигна 30 поени, најблиску до него беше Томпсон со 14 поени.

Затоа Бостон не дозволи изненадување. Селтикс беа пресилни за Торонто и на домашен терен славеа 117-94.

Џејлен Браун со 29 и Џејсон Тејтум со 27 поени обично се најдобри кај Бостон. Порзингис ги следеше со 21 поен. Кај гостите најмногу се истакна Паскал Сијакам со 17 поени, Денис Шрудер заврши со 14.

Атланта по враќањето од Мексико на домашен терен беа поразени од Мајами Хит со 109-117.

Мајами имаше повеќе расположени играчи, иако Џими Батлер не беше во тимот. Бем Адебајо забележа 26 поени и 17 скока. Хакез постигна 20, Лаури 17, Ричардсон 16, Хајсмит и Робинсон по 11 поени.

Очекувано Треј Јанг ја предводеше Атланта со 27 поени и 11 асистенции, а Дежонте Мареј го следеше со 23 поени и по пет скока и асистенции.