Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа во првиот меч од ЕХФ Европски куп против екипата на Ојпен.
На натпреварот од 3-тото коло, одигран попладнево во Белгија, ѓорчепетровки славеа триумф со 46-39.
Уште од самиот почеток нашиот шампион ја контролираше играта и резултатот. За прв пат ѓорчепетровки стигнаа до четири голови предност во 12-тата минута (11-7). Со таа предност Ѓорче замина и на одмор на полувремето 23-19.
Во вториот дел, македонскиот шампион само ја зголемуваше предноста и на крајот славеше со конечни седум голови разлика 46-39.
Ана Марија Коларовска со 10 голови и Анастасија Николовска со 9, беа најефикасните во редовите на ѓорчепетровки, воедно и на натпреварот.
Со оваа победа Ѓорче Петров прави голем исчекор кон пласман во осминафиналето.
Тоа треба да го завери во реванш дуелот закажан за следната недела во Скопје во салата Автокоманда (20 часот).