Екипата на Вадар не го дава врвот на табелата во „Б“ групата од суперлигашката ракометна конкуренција. Вардарци вечерва стигнаа до деветтата победа совладувајќи го на Пролет на гостински терен со 28-24.

Домаќините беа рамноправен противник се до 21.минута, кога на семафорот стоеше 10-12 за Вардар. До крајот на полувремето не постигнаа ниту еден гол, па вардарци на одмор заминаа со +7 (17-10). Во најголемиот дел од второто полувреме црвено-црните рутински ја одржуваа разликата. Сепак, попуштија во завршницата па на крајот славеа со четири разлика (28-24).

Милан Лазаревски со 6 голови, како и Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ кои постигнаа по 5 гола, беа најдобрите стрелци во победничката екипа. Кај Пролет, по 5 гола постига, Ласко Андоновски , Томислав Димковски и Филип Арсеновски.

Со овој триумф Вардар се враќа на врвот на табелата со 27 бодови колку што има и второ рангираниот Еурофарм Пелистер. Екипата на пролет останува трето рангирана со 15 бодови како и четвртиот Бутел кој в недела ќе го одигра својот меч од ова коло против Мулти Есенс.

СУПЕР ЛИГА – „Б“ ГРУПА – 10.коло
петок
ПРОЛЕТ – ВАРДАР 24-28
сабота
18.30 ВАРДАР Неготино – ПРИЛЕП
недела
20.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – МУЛТИ ЕСЕНС
одиграно вчера (четврток)
Е. ПЕЛИСТЕР – ГОЛДЕН АРТ

ТАБЕЛА: Вардар 27 бодови, Е. Пелистер 27, Пролет 15, Бутел Скопје 15, Голден Арт 13, Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 0.