Женската кошаркарска репрезентација на Србија ја потврди својата фаворитка улога во квалификациите за европскиот шампионат.

Во воведниот натпревар од групата во која игри Македонија вечерва се слави убедлива победа над Украина.

Србинките ја славеа со дури 42 поени разлика против Украинките со конечни 82-40.

Уште во првиот период кој го добија со 18 поени разлика на полувремето замина со плус 31.

Токму Србинките ќе биде вториот противник на Македонија во недела. Во натпреварот од 2.коло оваа селекција ќе гостува во спортскиот центар „Кале“ во Скопје .

А, македонската женска репрезентација вечерва (21.30 часот) ќе го игра првиот меч на гости кај Португалија.