Новата НБА сезона само што започна. Екипите одиграа 6 до 8 натпревари, а уште на почетокот едно има одново се наметнува, Никола Јокиќ. 

Популарниот „Џокер“ како го нарекуваат Американците и сезонава игра во фантастична форма. 

На досегашните 8 натпревари Србинот има просек од 28.4 поени, 12.9 скокови и 8.4 асистенции по натпревар. Јокиќ веќе на три натпревари оствари трип-дабл ефект и изби на 4.место на вечната листа со таков учинок. 

Изминатото лето тој не настапи за Србија на Светското првенство, што наиде на широка осуда од јавноста кај нашиот северен сосед. Јокиќ времето го минуваше со луди журки, забава, своето омилено хоби коњите и така натаму. 

За разлика од „Џокер“ големите НБА ѕвезди напорно се подготвуваа за новите предизвици во сезоната, но…

Не секогаш е само во напорната работа туку и во талентот.