Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад на новата ВТА листа објавена по финалето на ВТА Мастерсот.
Лина сега е на 189.то место што е пад за две места во однос на претходното рангирање, но таа има 404 поени или пет повеќе од претходната недела.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 326.то место со 256 поени или пад за осум места во конкуренција на двојки.
Пад за осум позиции во конкуренција на двојки има и Магдалена Стоилковска. Сега таа е рангирана на 1471.то место 6 поени. Магдалена во поединечна конкуренција е на 1231.то место со осум поени или за три позиции полошо.
Ѓорческа и оваа недела ќе настапи во Ираклион, Грција на турнирот со награден фонд од 40.000 долари. Тетовката која е трето рангирана во првото коло е слободна.