Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг пред стартот на квалификациите за Европското првенство.
Напите кошаркарки неделава ги очекуваат првите две средби. Во воведната ќе и гостуваат на Португалија (четврток), а потоа (недела) на домашен терен ја преслечуваат Србија.
Доцното завршување на натпреварите на клубовите кои настапуваат нашите репрезентативки во текот на овој викенд, е основната причина поради која стручниот штаб на нашата женска сениорска репрезентација предвиде само три тренинга во Скопје.
„За жал, принудени сме да имаме ваков распоред во овој нов циклус од квалификациите. Приморани сме да ги чекаме сите кошаркарки на кои сметаме, а моментално настапуваат во странство.
Оттука со оглед на краткиот временски рок, во Скопје ќе одработиме два тренинзи пред заминувањето за Португалија.
Ако се биде во ред, комплетни ќе одработиме уште неколку во Матошинос, местото каде на 9.ноември ќе го играме првиот квалификациски натпревар, оној против селекцијата домаќин“, вели селекторот Александар Ашаданов.
Токму од овие причини Ашаданов се одлучи за еден поширок список на играчи на кои ќе смета за првите два натпревари.
Македонија ќе игра во групата „Г“, а покрај Португалија и Србија, противник ќе биде и Украина.
Победниците на осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани ќе играат на ЕП 2025.