Со натпреварот во кој беше поставен неславен рекорд, комплетирана е петата рунда во Втората кошаркарска лига.
Екипата на Борец баскет во една четвртина постигна само 2 (два) поени, па јасно загуби под МЗТ Скопје 2 .
А, првото полувреме не навестуваше такво нешто, напротив.
Кошаркарите на Борец баскет подобро го започнаа натпревари, имаа резултатска предност која по првите 10.минути изнесуваше +3 (20-23). Имаа гостите од Велес и во два наврати +9 во вториот период (21-30, 23-32). Сепак, МЗТ успеа да се врати на пауза да замина со поен предност 41-40.
Но, во третата четвртина, очајно делуваа велешани. Со само два уфрлени поени, на спротив 21 на МЗТ јасно беше дека овој дуел ќе го загубат. На крајот МЗТ 2, славеше со конечни 75-64.
Затоа пак се одвиваше вистинска драма во самата завршница на дуелот во Штип. Дуелот меѓу Соколи и Маџари заврши со среќен крај за гостите од Скопје.
Гостите одлично го отворија натпреварот и по приод период имаа 12 поени предност (34-22). Во вториот домашниот состав се врати ви игра и ана пауза замина со еден негатива (51-52).
Во второто полувреме, Маџари постојано го контролираше резултатот. Но, во самиот финиш односно завршните 70 секунди се влезе со израмнети 91-91.
Следуваа по двата не реализирани напади на двете страни. Во последниот, за гостите погоди Александар Тодоровски на 2.секинди пред крајот за 93-91.
Имаа домаќините последна шанса за израмнување но, не реализираа, па Маџари се радуваше на победа.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
недела
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ 75-64
СОКОЛИ – МАЏАРИ 91-93
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО 63-82
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-70
Сабота
КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ 56-101
МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС 87-79
ТАБЕЛА: МКК Куманово 10 бодови, Шкупи 9, Маџари 7, Соколи 8, Ангели 8, МЗТ Скопје У.Б. 8, Водно Санс 8, Мега Баскет 7, Борец Баскет 7, Работнички 2018 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.