Во текот на пристојниот викенд ќе се одиграат натпреварите од 7.коло од женската Супер лига.

Оваa рунда носи и два дерби дуела, односно, меѓусебни натпревари на четирите првопласирани екипи.

Во првиот дерби дуел Вардар ќе го пречека тимот на Куманово. Вардарки се една од трите непоразени екипи досега, додека кумановки во претходната рунда го претрпеа првиот пораз од шампионот Ѓорче Петров .

Натпреварот е закажан со почеток од 16:30 часот и ќе се одигра во спортската сала ,,Круме Кепески”. Лејла Јашар и Михаела Капсарева се судиската двојка која ќе ја дели правдата на овој натпревар.

Второто дерби е меѓу Чаир и Ѓорче Петров. Гостинките во овој меч ќе се обидат да ја остварат и шестата победа и да останат „перфектни“. Чаирчанки пак се со амбиции и тие како и Вардар да останат непоразени. Ова дерби ќе се одигра во ,,Христо Батанџиев ” со почеток од 19 часот.

Покрај двата дерби дуели денеска се играат уште четири натпревари.

Пелистер игра против Астибо во Битола, додека Скопје гостува кај Деспина во Прилеп. Стружанка ќе се соочи со Шампион и Овче Поле гостува кај Спартак.

Во текот на утрешниот ден е закажан само еден натпревар во кој Металург Автокоманда ќе ја пречека екипата на Гевгелија.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 7.КОЛО
сабота
15.00 ДЕСПИНА – СКОПЈЕ
16.00 ПЕЛИСТЕР – АСТИБО
16.30 ВАРДАР – КУМАНОВО
18.30 СТРУЖАНКА – ШАМПИОН
18.30 СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
19.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР
недела
17.00 МЕТАЛУРГ А. – ГЕВГЕЛИЈА

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 18 бодови, Чаир 16, Вардар 16, Куманово 15, Металург Автокоманда 12…

Ивона Кимовска