Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен беше најбрз на спринт трката што се возеше во Сао Паоло за ГН на Бразил.
Освојувачот на пол позицијата на денешниот спринт, Ландо Норис од Мекларен ја загуби првата позицијата уште на стартот од Верстапен.
Веќе во вториот круг и Џорџ Расел го мина Норис во борба за второто место, но Норис не се откажа туку така.
Си го врати второто место и на крајот го задржа до крајот на спринт трката. Расел третото место го загуби во директен дуел со Перез од Ред Бул и на крајот заврши четвртти.
Најдобрата 10-ка ја сочинуваат уште и Леклерк од Ферари, изненадувањето Цунода кој го мина Хамилтон на 6-тото место.
Седми заврши Хамилтон, па Саинц, Рикардо, Пијастри, Алонсо, Строл, Гасли, Окон, Албон, Магнусен, Жу, Хулкенберг, Ботас и Сарџент.
Со освоеното нови осум бодови Макс Верстапен има 499, втор е Перез со 246, а трет е Хамилтон со 222 бода.
Утре со почеток од 18 часот се вози трката за ГН на Бразил.